Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Ковачевски обезбедува струја, енергенси и парно во пресрет на зимата, поддршка за граѓаните и фирмите

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски молчи за скандалот, денес ќе објавиме документи за неговата трајна неспособност
300x250 (7)

Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси. Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима. Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја. Со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима,се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%. Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската. Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.

Ss1

Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво,се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт