Утрински Весник
Македонија

СДСМ има решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди јасно, конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра преку ребаланс на буџетот. 

Нема простор за изговори на власта: пари во буџетот има, но тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги трошат за луксуз и криминални тендери. 

За зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. 

Само со рационално кратење на трошоците во две буџетски категории може целосно да се обезбедат потребните средства.

Кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги”, каде што се, патувања, репрезентации, договорни услуги, возила, мебел и комфор на функционерите, може да се обезбедат меѓу 90 и 130 милиони евра.

Со кратење на делот „разни трансфери” може да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.

Со кратење само во овие две категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра. 

Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, со што компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.

Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците. 

Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Демонстрант од Битолско се извини по реакциите: „Згрешив, нема да се повтори“

Миноски: Македонија има ресурси, но нема стратегија