Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје, обвини владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Новата работна недела скопјани ја започнаа со сообраќаен метеж, блокирани улици. Приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје. Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар.

Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз. ЈСП се подлабоко тоне во долгови. Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.

Арсовска лани ги доби локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваше брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани. Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа катастрофа во Град Скопје“ додаваат од СДСМ.

Можете да прочитате

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето

Фасцинантната змија-рибарка од Голем Град „доаѓа“ утре пред скопската публика во Кинотека

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид