Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со нула проекти, затоа за Ќосето се фатија

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче
Dik 300x250 mk

Година и половина, кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски во над 40 општини во државата не работат ништо, освен што ги задолжуваат и партизираат општините, удираат по џебот на граѓаните со покачување на цените на комуналните услуги, обвини владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните наместо развој и реализација на најавените капитални проекти, добија НУЛА проекти, безидејност и стагнација. Бидејќи, освен неспособност и неработење немаат што да покажат се фатија за споменикот на Ќосето, клучниот симбол на Груевизмот, споменикот на егзекуторот на ВМРО, џелат кој извршувал нарачки за убиства кој, стоеше пред палатата на правдата, како порака, што може да ги снајде сите кои мислат поинаку.

Прво градоначалничката на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Данела Арсовска бараше споменикот на Ќосето да биде вратен на претходната локација. Потоа, Советот на општина Аеродром, на предлог на Левица со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, усвои иницијатива со која ќе побара од Собранието поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето на територија на Аеродром“ велат од партијата.

Оваа иницијатива, како што велат, е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се доследни на тоталитарната идеологија на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски.

Според СДСМ, градоначќалниците на ВМРО-ДПМНЕ наместо со нови капитални инвестиции, ги враќаат старите споменици со спорна симболика.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!