Утрински Весник
Економија

СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, намалени цените во маркетите

СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, намалени цените во маркетите

СДСМ како одговорна партија со конкретни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните, велат од партијата преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Новата мерка за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати.

Намалени се цените на стотици прегранбени производи во 25 категории кои граѓаните најчесто ги користат.

По пониски цени во маркетите се продаваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот, и многу други.

Тие имаат „гарантирана цена“, која е за 10 проценти пониска од нивата цена на 1 август годинава.

СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните, ги зголемува платите и пензиите и ги враќа парите назад кон граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Тренчевска: Рудник во Иловица и Штука нема да има, народот ќе ѝ каже НЕ на власта која го уништува земјоделството заради профит