Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ги зголемивме платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Ги зголемивме платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за наставниците и образованието. За само пет години платите на вработените во основното и во средното образование се зголемени за 36 проценти, во споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека од 2017 година платата на околу 32.500 вработени во основното и во средното образование, од кои околу 25.000 се наставници се зголеми за повеќе од една третина. Само со последното зголемување од септември годинава нивните плати се покачени за 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за 11 години, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги уценуваше и понижуваше наставниците, СДСМ го вреднува нивниот труд и им го враќа достоинството, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“