Утрински Весник
Економија

СДСМ: Економијата е во слободен пад, нудиме три политики за повеќе пари кај граѓаните

Pres Bogdanka Image 2024 11 07.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Економските показатели покажуваат дека македонската економија е во слободен пад само после 5 месеци власт на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ.

Платите не се зголемуваат, власта се откажа од политиките кои со години значеа постојан раст на платите во сите сектори. Просечната плата во земјава се намали за 1.000 денари.

Растот на цените на храната и на основните производи продолжува, граѓаните се борат со тешкото секојдневие и имаат се помалку пари во семејните буџети.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пад и на индустријата. Во месец септември индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани.

И прогнозите на Светска банка за економијата се лоши, очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, според оваа меѓународна институција ќе биде едвај 1,8 отсто.

Сето она што со години е градено за да создаде економски раст и развој Мицкоски и ДПМНЕ го срушија за само 5 месеци.

Овој пад на економијата се случува во услови кога власта значително го зголемува долгот врз грбот на граѓаните.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата.

СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните. Се грижевме за граѓаните кога бевме на власт, продолжуваме и во опозиција.

– Зголемување на минималната плата на 450 евра веднаш.

– Укинување на ДДВ за храната што ќе значи заштеда до 2.000 денари за секое семејство.

– Итна примена на законот за нефер трговски практики за спречување на раст на цените.

Власта не треба води инает туку да ги прифати овие решенија затоа што се добри за граѓаните.

Со законите на СДСМ, секое семејство ќе има повеќе пари во семејниот буџет.

Можете да прочитате

На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија, ќе се наменат за еврообврзницата

Собранието го изгласа Буџетот за 2025 година

Лукаревска: Во најголемиот Буџет од 6,5 милијарди нема пари за реалниот живот на граѓаните