Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Сооопштение на СДСМ:

Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи.


Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.

Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?

Дали ДПМНЕ  ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?

Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш.

Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е неопходна.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции