Утрински Весник
Македонија

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm.jpeg

Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста.

Ваквиот обид само ја покажува слабоста на оваа власт, која ниту има проекти, ниту пак нуди политики – се што понудија досега се лаги, манипулации и гола реторика. И секаде се фатени. Секоја лага им излезе на површина, затоа сега им останува само да се претстават како жртви.


Најновата измислица на Мицкоски и ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“. Имено, веб страницата www.ubijcitenakocani.com е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути.

Прашувме, дали ова не е доказ дека истата е направена за нивните морбидни ПР потреби? Пред прес-конференцијата, вебстранцата не постоеше, ниту пак некој ја имаше видено.

Оттука, бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за искажаните лаги и обидот за манипулации, бараме од институциите веднаш да ја проверат сопственоста на интернет страницата. СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања. СДСМ бара итно извинување од ВМРО-ДПМНЕ во спротив ќе поднесе тужба за клевета.

Апелираме до Мицкоски и ДПМНЕ да ги остават да почиваат во мир жртвите од Кочани. Апелираме до Мицкоски да престане со овој морбиден ПР кој ги вознемирува семејствата на загинатите и повредените.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Можете да прочитате

Протестен марш во Скопје за поддршка на осудените водачите на ОВК

По масовна тепачка во Центар, приведени 14 лица, од кои шест малолетници

Обиена станица за технички преглед во Чаир, украден ресивер од видео надзорот