Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок

Mediumi Mikrofoni I Kameri 5 Custom 585x370 1 1.jpg

Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници”, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.

MK Summit

Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади” и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите”.


Наместо да работат на унапредување на демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ се враќа на старите методи на контрола, притисоци и страв.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се ставаат под притисок, а медиумскиот простор се затвора. Оваа тенденција повторно се потврдува. 

Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и СДСМ ќе продолжи да се бори против оваа регресија што ја спроведува ДПМНЕ.

Медиумските слободи не смеат да бидат жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа