Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ е антиевропска партија која не сака да бидеме членка на ЕУ

СДСМ: ДПМНЕ е антиевропска партија која не сака да бидеме членка на ЕУ
Screenshot

„Јасно е дека ДПМНЕ е антиевропска партија која во суштина и не се разликува од политичката партија Левица. Истовремено, Христијан Мицкоски е против ЕУ, како што беше и против членството во НАТО. Ист како Груевски кој 11 години го блокираше членството во НАТО и земјата ја држеше во изолација и надвор од европските интеграции“, велат од СДСМ.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

„За лична кариера Мицкоски сака да држи како заложник цела држава, цел народ. Скапа е цената на таквите блокади на Мицкоски и ДПМНЕ, тие значат уште 11 години загубени години за целиот наш народ, за нашата држава, но нашите граѓани немаат нови децении за губење.

Screenshot

80% од македонските граѓани се за членство во ЕУ, дури една четвртина од гласачите на ДПМНЕ се за членство во ЕУ“, соопшти СДСМ.

„Членството во ЕУ значи економски просперитет, подобар животен стандард, поголеми плати, социјална правда.

Државите кои се зачлениле, во првите 5 години имаат од 70 до 100% зголемување на платите на нивните работници, имаат економски раст, зголемување на БДП.

Држава членка на ЕУ добива огромна финансиска помош од различни фондови, 11 пати поголема по глава на жител од земја кандидат.

СДСМ, заедно со граѓните, заедно со проевропскиот блока нема да дозволи ДПМНЕ да ја загрози европската иднина на државата“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога