Утрински Весник
Македонија

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

Bogdanka sdsm 1.png

Изјава за медиуми на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани,


Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта.

Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот.

Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном фирма ли е?

Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата?

Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција.

Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција.

Ќе и предадеме документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен?

Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра?

ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност.

Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди