Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се расправаат, целиот систем се распаѓа

Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала.


Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните.

Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел – повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот.

Граѓаните секој ден гледаат – наместо работа, партиски препукувања. Наместо резултати, скандали. Наместо политики за народот, тивки борби за тендери и функции.

Здравството во колапс, економијата во слободен пад, инфраструктурата заглавена. Плати за илјадници вработени во јавниот сектор не се неисплатени, проекти – нула. Не постои ниту еден реален чекор во корист на граѓаните. Владата не работи за народот, туку само за себе.

А парите? Наместо да одат кај граѓаните и работниците за повисоки плати  се трошат за лукзусни овошја, папаја, манго, луксузни хотели, приватни авиони и патувања со државни делегации како туристички тури.

Ова не е Влада која работи за граѓаните – ова е организиран хаос на штета на државата.

Оваа влада нема капацитет, нема план, нема визија. Единствено што гледаме се кавги, скандали и неспособност.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани