Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Martin k 1.jpg

Прес-конференција на Мартин Костовски од СДСМ:

Почитувани граѓани,


Почитувани медиуми,

Максим Димитриевски е најголемото политичко разочарување и најголема измама.

Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција.

За само една година, Димитриевски ги погази сите свои изборни ветувања.

Неговиот лажен патриотизам излезе на виделина, се што кажа порече.

Максим јавно се колнеше дека нема да прифати внесување на Бугарите во Уставот без одложена примена. Пред два дена, смени лента, се откажува од тој став, сега веќе не е за одложена примена.

Ветуваше борба за правда, а денес молчи пред корупцијата на коалициските партнери од ВЛЕН.

Ваква сервилност, вакво коленичене пред ВЛЕН досега немало.

Вистината е едноставна: Максим Димитриевски не е ништо друго освен обичен привезок на Христијан Мицкоски и слуга на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е безгласна буква во владината коалиција, единствено способен за делење функции и удобни фотелји, без ниту еден резултат.

Освен становите и парцелите вредни 300.000 евра.

Максим Димитриевски е прочитан од граѓаните и ќе биде казнет токму од граѓаните.

Македонија заслужува одговорни луѓе, а не лажни патриоти кои за фотелја се откажуваат од сè што ветиле.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија