Утрински Весник
Македонија

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“- владата на Мицкоски го потврди она што го говори СДСМ 

Sdsm.webp.webp

„Како што знаете Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме”.  Со оваа изјава Министерката за енергетика на Мицкоски, Сања Божиновска призна дека во буџетот нема пари.

Владата на Мицкоски го потврди она што СДСМ и претседателот Филипче постојано го говорат.

Оваа изјава на Божиновска е уште еден доказ, фалат 2 милијарди евра.

Владата вели нема пари за ништо освен за криминални тендери. Тие течат без пречки. Има пари 161 тендер за една фирма, има за 51 тендер за омилената фирма преку општините, има за 9 милиони евра за двајца вработени, има 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Само за поголеми плати и пензии нема пари владата на Мицкоски.

Големиот недостаток на пари ќе доведе до економска криза а потоа, за да земе Владата пари, преку скапи кредити, следува проектот „мигранти за пари”.

Веќе доаѓаат „економските работници”, владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, недостасуваат 2 милијарди евра во буџетот. 

Се случува она што го најавивме.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Гусар: Мажите жртви на насилство молчат од срам, институциите ги исмеваат наместо да ги заштитат

Гусар за случајот на Ивана и Катја: Жртвите „врескале“ за помош, насилникот не бил „непознат“ за МВР, но никој не мрднал со прст!

Кога има пријави со месеци, а нема реакција – нешто стои зад тоа вели Гусар