Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата

Sdsm.jpeg

Со одлука на Владата на Мицкоски, Алта банка го купи и пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот на Сашо Мијалков.

Случајно?

Премногу случајности излегоа во врска со Алта банка, блиска до СНС.

Цела структура на ВМРО е поврзана со Алта банка.

За Член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Случајно?

Во Надзорниот одбор е Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски. Случајно?

Во менаџерскиот тим стои името на Лидија Неделкова. Случајно?

Марјан Закев, член на менаџерскиот тим, во минатото бил сопственик и управител на фирма во која во 2014 година влегува „Ексико” Скопје. На јавноста е позната по офшор-структурите и бизнис круговите блиски до Мијалков и Камчев, како и со предметот „Империја”.  Тоа е истиот предмет во којшто се запленети и акциите.

Повторно случајно?

Прашањето сега е дали блиски фирми до ВМРО или Сашо Мијалков наскоро повторно ќе ги купат овие удели?

Дали непосредно по купувањето на акциите, една фирма блиска до Мијалков, на негова блиска пријателка, исплатила огромна количина на пари во кеш, (преку една наша банка), приближно до сумата на вкупната вредност на акциите?

АКТ следи внимателно.

Секако дека ништо од ова не е случајно! Сè е јасно.

Ова е уште една потврда на скандалите кои ги отвора АКТ на СДСМ и за поврзаноста за која зборуваме подолг период.

Ова е најкорумпираната Влада во Европа и затоа техничка влада мора да остане.

Центар за комуникации СДСМ

Можете да прочитате

Николоски: Левица станува СДСМ – СДСМ станува Левица

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба

Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија