Утрински Весник
Скопје

СДСМ Аеродром: Митески по стапките на Муцунски – ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Opshtina Aerodrom.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност – ОО СДСМ Аеродром

Четврта учебна година по ред основните училишта во Аеродром немаат ни М од модернизацијата што Муцунски ја вети како еден од топ седумте приоритети на неговата градоначалничка програма. 

Таблет за секое дете од прво до деветто одделение, ветуваше Муцунски, веднаш по почетокот на мандатот. Наместо тоа, таблет уреди добиваат само четврто одделенците веќе трета година по ред. 

Три генерации полуматуранти од Аеродром го завршија основното образование од 2022 до денес и трајно ја пропуштија шансата да ги добијат ветените таблет уреди. 

И учениците кои го започнаа деветтото одделение годинава ќе останат без ветените таблет уреди. 

Новиот в.д. градоначалник Дејан Митески продолжи по стапките на Муцунски и повторно оваа година обезбеди таблети само за учениците од четврто одделение. 

Модернизацијата на училиштата требаше да опфати и поставување на паметни табли во секоја училница, со цел да се овозможи комбинирана настава и дигиталното учење.

Ова не се единствените нереализирани ветувања од програмата на Муцунски и ВМРО ДПМНЕ, поврзани со училиштата во Аеродром. 

Недостасува и поставувањето на енергетско ефикасни фасади во сите училишта.

Сите училишта требаше да добијат и пристапни лифтови за децата со попреченост. Програмата на Муцунски предвидуваше и набавка на две возила за лица со попреченост кои ќе бидат на располагање на училиштата.

Никогаш не се случи ветената доградба и надградба на училиштето Ѓорѓија Пулевски, а почетокот на надградбата на училиштето Блаже Конески доцни цели 2 години.

Ветената нова гимназија во Аеродром ја нема ни во планската документација. 

Никогаш не беа доделени ни ветените стипендии за талентирани ученици во износ од 30.000 денари годишно.

Праксата на изложување на родителите на бројните дополнителни трошоци за средства за хигиена, хартија, тонери, принтери и други непредвидени материјали, никогаш не престана иако Муцунски се пофали дека ги укинал сите дополнителни трошоци за родителите. 

За ова ли Тимчо Муцунски е „евакуиран” во новата министерска фотеља?

За ова ли се брзаат измените на законот за локална самоуправа да се донесат по скратена постапка, со поддршка на ДУИ, за ДПМНЕ да избегне соочување со револтот на граѓаните на избори? 

Трпението на граѓаните е при крај, а нивните реакции се оправдани и реални.

Можете да прочитате

Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени за сообраќај

Мостот Беласица повторно се затвора – Ова е причината

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради снимање на филм на мостот Беласица