Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 40 милиони евра помалку за земјоделците, за да има повеќе за криминални тендери 

Sdsm.webp.webp

Владата на Мицкоски директно им одзеде 40 милиони евра на земјоделците. Субвенциите ги намали од 140 на 100 милиони евра. 

Власта удри врз маката, трудот и егзистенцијата на илјадници земјоделски семејства кои произведуваат храна и ја одржуваат домашната економија.

Додека земјоделците се борат со зголемени трошоци, скапа нафта, ѓубрива и механизација, владата крати таму каде што најмногу боли – кај луѓето што работат и создаваат од македонската земја и сонце.

Зошто?

Да има повеќе пари за милионски тендери за фирмите блиски до власта, за однапред договорени јавни набавки преку кои се испумпуваат парите на граѓаните. 

40 милиони евра помалку за земјоделците – тоа се 40 милиони евра повеќе за криминални тендери за тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

Дури и европските пари ги украдоа, поради што ИПАРД програмата беше суспендирана.

За оваа криминална власт приоритет не се луѓето, не се земјоделците, не се работниците, туку тендерите.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

СДСМ: АКТ денеска објавува нова бомба, #9 

Длабок циклон и невреме во Македонија носат опасност од нови поплави

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога