Утрински Весник
Македонија

Савески во работна посета на Врховниот суд

20260415160037 big 730x400 5.webp.webp

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани.

Тие разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото обвинителство. Во исто време, Савески го запозна Фидани со плановите за воведување нов систем за електронско управување со предметите во обвинителствата, кој во иднина треба да овозможи и побрза дигитална размена на податоци со судовите.


По преземањето на функцијата, Савески минатата недела го посети и Уставниот суд.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година