Утрински Весник
Македонија

Савески ги повлекува овластувањата на обвинителите

Nenad saveski2.jpg

Државниот јавен обвинител Ненад Савески ќе ги повлече овластувањата на обвинителите кои постапуваат по предмети надвор од своите матични обвинителства, со што директно ќе се рефлектира и врз случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Со оваа одлука, обвинителката Ленче Ристоска повеќе нема да ги води предметите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат на наводи за перење пари и незаконско финансирање на партиското седиште.


Савески тврди дека станува збор за техничка одлука, а не за политичка, но не негира дека предметите ќе бидат прераспределени и дека Ристоска нема да продолжи да ги застапува.

„Ќе ги повлечам сите овластувања за сите предмети, освен за неколку конкретни случаи“, изјави тој, без директно да посочи имиња.

Случајот „Талир 2“, кој веќе се води во скопското обвинителство, е во чувствителна фаза – му се заканува застарување во август, а се уште нема првостепена пресуда.

Можете да прочитате

„Длабоко во себе“ – инклузивен проект по повод меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило

Намалена видливост на патниот правец Маврово-Бунец