Утрински Весник
Свет

Сателитски снимки од турските градови пред и по земјотресот

Сателитски снимки од турските градови пред и по земјотресот
Ss2

Американската компанија Maxar Technologies објави сателитски снимки од турските градови пред и по земјотресите, кои го покажуваат степенот на штетите предизвикани од разорните земјотреси кои во понеделникот ја погодија областа.

dobivaj vesti na viber

Земјотрес со јачина од 7,8 степени. еден по Рихтеровата скала ја погоди областа во понеделникот рано наутро додека луѓето спиеја, а друг со јачина од 7,5 степени по Рихтер ја погоди истата област околу пладне додека преживеаните се обидуваа да извлечат што е можно повеќе луѓе од урнатините.

Ss1

Според досега објавените информации, загинале најмалку 16 илјади лица, додека над 50 илјади се повредени. Сепак, се стравува дека таа бројка ќе се зголеми.

Турскиот град Антакија во декември 2022 година и по земјотресот

Турскиот град Антакија во декември 2022 година и по земјотресот

Стадион и околината во градот Кахраманмарас. Првата слика е од 26 јули 2022 година. Втората е по земјотресот

Додека тимовите за пребарување и спасување од целиот свет пристигнаа во регионот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции.

„Ова е една од најголемите катастрофи на нашиот регион и светот“, рече Ердоган, кој беше критикуван поради бавната реакција на државата.

Турција го процени бројот на спасувачкиот персонал кој работи на пронаоѓање на преживеани во урнатините на урнатите куќи и згради на повеќе од 60.000, додека војската распореди 100 авиони и 10 бродови.

Конечните размери на катастрофата се уште не се јасни, а голем број луѓе се водат за исчезнати под урнатините. Во некои градови поради земјотресот се урнаа цели блокови. Повеќе од 5.700 згради се урнаа во Турција.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници

Каталонија поради недостиг на вода гради постројки за преработка на морската вода

Тесла укинува 400 работни места во Германија