Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Санкционирани 30 мотоциклисти

Motociklisti.webp.webp
300x250 opst2

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 30 мотоциклисти.

Од нив, девет возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, еден мотоцикл бил нерегистриран, 19 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а еден мотоцикл е времено одземен поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово – 9, потоа на територијата на СВР Велес – 7, СВР Тетово – 5…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило – Од 1.502 сообраќајни прекршоци 958 за брз возење

Почина 23-годишниот Христијан Сребреновски, за кого се собираа средства за лекување

Го нападнале тројца и му го оштетиле автомобилот – Скопјанец настрадал на паркинг во Карпош