Утрински Весник
Скопје

Санкционирани 114 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Image 2025 05 05 103215735.png

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.04. до 04.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.


Можете да прочитате

Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

ОЈО Скопје отворило предмет за „Зимзоленд“ – ќе испитува дали има елементи на делото предизвикување општа опасност

Светна новогодишната елка на Плоштад Македонија (ВИДЕО)