Утрински Весник
Магазин

Сандра се соочува со метастатски карцином на дојка и потребан и е нашата помош – Мајка е на две деца

Sandra.jpg

Почитувани,

Јас сум Сандра Дејановска Крастев за некого само уште една жена која што се бори со најподмолната болест на денешницата. Но за моите деца сум мајка која им е ѕвезда водилка низ животот. Мојата борба трае веќе долги и исцрпувачки 4 години, до сега имам многу добиени битки но “војната” сеуште трае.

Се соочувам со Метастатски карцином на дојка (метастази на коските, лезии на црниот дроб). Инвазивен муцинозен карцином од 2 степен, ER 8, PR8, HER2 негативен.

Пред неколку месеци започнав лекување во Турција според план кој што беше направен согласно мојата медицинската историја и здравствена состојба.
За жал во Април добив внатрешно крварење кое резултираше со хоспитализација од две недели во приватна болница во Истанбул.

По стабилизарање на состојбата продолжив со лекувањето, но пред 10 дена, после обилно внатрешно крварење бев хоспитализирана во приватната болница Систина во Скопје и таму беше извршена абдоменална интервенција за стопирање на истото.

И покрај сите предизвици и искушенија јас сум жена која имам огромна желба за живот. Мојата решешителност е да се изборам со ракот и верувам дека ќе успеам.

Сепак, финансискиот товар на лекувањето го загрозува мојот сон да продолжам да се лекувам во Турција, кое после последниот направен ПЕТ Скен ми дава голема верба дека сум на добар пат затоа што имам исклучително позитивни резултати од кои се воодушевени и моите лекари.

Вашата донација за мене живот значи!!! Ве молам да ми помогнете до патот на исцелувањето. Имам две мали сонца на кои сум им повеќе од потребна.

Ви благодарам многу однапред.

Секоја донација е важна и значи многу за мене и моето семејство.

Бог со сите Вас, 🍀🙏🏻

Сандра

https://www.gofundme.com/f/i-am-sandra-i-am-battling-cancer-and-i-need-your-help-again

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста