Утрински Весник
Свет

Санчез ја критикуваше ЕУ поради реакцијата на кризата во Сеута

Sancez.webp.webp

Шпанскиот премиер Педро Санчез критикуваше некои земји од ЕУ поради, како што наведе, нивната „себична, поларизирачка и незаконска реакција“ на масовните преминувања на границата кај Сеута.

Санчез исто така му се заблагодари на Мароко „за помошта во решавањето на кризата“, пишува „Гардијан“.

Во писмото до Брисел, Санчез наведе дека некои европски држави одлучиле да ја „нападнат“ Шпанија и да побараат нејзино привремено исклучување од Шенгенската зона, водени од „предрасуди, лажни вести, незнаење или политички интереси“, што е во спротивност со европското право, хуманитарното право и принципите на солидарност во ЕУ.

Можете да прочитате

Крадец провалил во кафуле во Германија, касата не ја допрел, туку крадел торта и сладолед

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

По дводневен целосен прекин, Куба повторно има струја