Утрински Весник
Македонија

Салиу: Морам да го докажувам она што е очигледно, дека не постои моја вина

Image 1.png

На денешното рочиште за предметот „Пулс“ воведно обраќање имаше и екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу кој е еден од обвинетите во случајот.

Тој негираше вина во случајот истакнувајќи дека низ процесот тој и неговата одбрана ќе докажат дека кај него не постои никаква вина.

„Приморан сум да го докажувам она што е очигледно, дека не постои моја вина, а ниту пак надлежност. Во периодот 2012-2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со Барање за давање на согласност за кабаре „Пулс“. Во истиот период во ДЗС никогаш не пристигнало претставка од институции кои наводно вршеле контрола на објектот“ рече Салиу.

Салиу е еден од 34 физички лица кои се обвинети во предметот „Пулс“ каде во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Можете да прочитате

Обука на специјална единица на Армијата на Белгија во Охрид и Радожда од 7-ми до 20-ти февруари

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните