Утрински Весник
Свет

„Сака да биде холивудски каубој“: Се огласи Кремљ откако Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“

Peskov.webp.webp

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека е срамно што американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“.

Песков рече дека Бајден се обидува да демонстрира однесување во стил на холивудски каубој, но дека, како што наведе, не му успева, пренесе агенцијата РИА Новости.

Во средата Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“, наведувајќи дека поради него и другите секогаш мора да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што наведе, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото. објави АП.

Бајден ги дал забелешките додека им се обраќаше на донаторите во приватен дом во Сан Франциско како дел од тридневното собирање средства во Калифорнија за неговата кампања за реизбор во 2024 година.

Можете да прочитате

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија

Израел продолжил со геноцидот во Газа и по прекинот на огнот, според извештај на ОН