Утрински Весник
Свет

САД загрижени поради воените активности на Кина во близина на Тајван

САД загрижени поради воените активности на Кина во близина на Тајван

САД се загрижени поради воените активности на Кина во близина на Тајван, кои ги нарекуваат провокативни и дестабилизирачки, соопшти Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Советот за национална безбедност на Белата куќа нагласи дека во тој поглед ќе продолжи да му помага на Тајван во одржување на задоволителна способност за самоодбрана, објави „Ројтерс“.

Владата на Тајван, која Кина ја смета за легитимен дел од својата територија, забележува дека во изминатите 24 часа нејзината противвоздушна одбрана идентификувала седумдесет и еден авион на кинеското воздухопловство, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала.

Можете да прочитате

Москва негира какви било разговори со Вашингтон за ублажување на санкциите

Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање на Обединетото Кралство во ЕУ

Руте: Нема непосредна руска закана за НАТО, Путин не е подготвен за мир