Утрински Весник
Свет

САД суспендираа испорака на бомби за Израел

Ba Den 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа, јавува денеска Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник од администрацијата. Според овој извор не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби со тежина од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми. -Бидејќи се чинеше дека израелските лидери се блиску до одлука минатиот месец за таква операција, почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа, изјавил официјалниот претставник. Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа за „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходното соопштение на Хамас дека палестинската милитантна група се согласила со египетско-катарски предлог за прекин на огнот. Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции