Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Стихови и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата 

Server04.global net.com 20.jpg

Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата”, со цел достојно одбележување на 21 Март,  денот кога ширум светот се слави поетскиот збор.

Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на  македонските поети.


Во рамките на проектот  се предидени содржини што ќе го спојат поетскиот израз со соодветна музичка поддршка, создавајќи автентично уметничко доживување за публиката.

„ Општина Центар особено  внимание посветува на проектите од областа на културата , афирмацијата на македонскиот јазик и творешвото.  21 Март,  Светскиот ден на поезијата, но и на пролетта,  ќе го прославиме со стихови и музика, како што доликува. Ги повикувам сите креативци, љубители на поетскиот  збор да се пријават  и да ни се приклучат во организирање на овој убав настан”, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар.

Можете да прочитате

Левица: При неспособност да го испорача ветеното – Ѓорѓиевски почна да ги обвинува и работниците во ЈСП бидејќи ги барале своите права

Синдикатот на културата излегува на протест

Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад” – проектот добива форма од ден на ден