Утрински Весник
Свет

САД со ново вето за резолуција од СБ на ОН за безусловен прекин на воената офанзива во Газа

Sovet Za Bezbednost On 780x470 1.png

Ново вето од Соединетите Американски Држави (САД) пристигна денеска на предложена резолуција од Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) за итен и безусловен прекин на огнот во Појасот Газа. Од отпочнувањето на вооружената акција во палестинската енклава на 7 октомври, САД по третпат повлекоа идентичен потег. Резолуцијата ја поднесе Алжир. Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд рече дека секоја акција која би била преземена од СБ ќе значи пречка на „чувствителните и актуелни преговори“. -Ние веруваме дека резолуцијата ќе влијае негативно на преговорите. Барање на безусловен прекин на огнот, без договор кој би барал ослободување на заложници од Хамас, не би довел одржлив мир. Наместо тоа, би продолжила борбата меѓу Израел и Хамас, рече Гринфилд, во образложението за неприфаќањето на резолуцијата. Израел ја почна воена офанзива за елиминирање на Хамас откако борците на групата преминаа во јужниот дел на земјата на 7 октомври, и убија 1.200 луѓе според израелските податоци и зедоа околу 250 други како заложници. Хамас е означен како терористичка група од САД, Обединетото Кралство и ЕУ.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос