Утрински Весник
Свет

САД предложија резолуција до Советот за безбедност за поддршка на прекин на огнот во Газа

Ddd 11.webp.webp

– САД предложија резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се изразува поддршка за привремен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро, пренесува Бета.

Во американската нацрт-резолуција, исто така, се наведува дека „во сегашните услови, голема копнена офанзива во Рафа ќе доведе до дополнително повредување на цивили и нивно дополнително раселување, вклучително и потенцијално во соседните земји“.

САД во текот на викендот соопштија дека ќе стават вето на резолуцијата предложена од Алжир.

– Постојано им ја изразивме оваа загриженост на нашите колеги во Советот. Поради оваа причина, САД не поддржуваат акција за таа нацрт-резолуција. Ако гласањето се земе како што е во нацртот, нема да биде усвоено, рече американската амбасадорката во ОН Линда Томас-Гринфилд.

ДПА претходно јави дека и покрај противењето на американската влада, Советот за безбедност на ОН сè уште планира утре да одржи гласање за прекин на огнот во Газа.

Нацрт-резолуцијата поднесена од Алжир и други ќе биде ставена на гласање во 10:30 часот по локално време во седиштето на ОН во Њујорк

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд