Утрински Весник
Македонија

Македонија и Молдавија ќе ја интензивираат меѓусебната соработка за побрзо да станат дел од Европската Унија

6 1.jpg

Моладавија и Република Северна Македонија ќе ја интензивираат меѓусебната соработка и ќе споделуваат искуства од областа на правосудството со цел побрзо зачленување во Европската Унија.

Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во Загреб одржа билатерална средба со министерката за правда на Молдавија, Вероника Михаилов-Морару на која се дискутираше за европскиот пат кој претстои за двете држави.

Мадиќ ја покани Морару во официјална посета на Министерството за правда и заедно со претставници од двете министерства да се одржи заедничка работилница на која ќе се разменат искуства.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?