Утрински Весник
Свет

САД: Отпуштена обвинителката која ги гонеше Гислејн Максвел и Диди Комбс

Us.webp.webp

Министерството за правда на САД ја отпушти федералната обвинителка Морин Коми, која, меѓу другото, работеше и на случаите кои вклучуваа обвиненија против соработничката на Џефри Епштајн, Гислејн Максвел, и музичарот Шон „Диди“ Комбс.

Како што се наведува, не ѝ било соопштено која е причината за отпуштањето, но ѝ бил доставен меморандум во кој се наведува дека претседателот на САД има овластување да отпушта обвинители според член 2 од американскиот Устав.


Обвинителката Коми е најстарата ќерка на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кого американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, а кој моментално е под истрага заедно со поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан.

Можете да прочитате

Полска во дводневна жалост по нападот во Краков, Туск го нарече терористички чин

Трамп се закани со вето: „Мислам дека тоа би ја уништило Демократската партија“

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет