Утрински Весник
Свет

САД им порачаа на своите граѓани: Веднаш напуштете ја Русија

САД им порачаа на своите граѓани: Веднаш напуштете ја Русија

САД им нареди на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина, бидејќи им се заканува некаква одмазда, односно органите на редот во земјата може неоправдано да ги приведат или малтретираат.

dobivaj vesti na viber

„Американските граѓани кои живеат во Русија треба веднаш да ја напуштат таа земја. Бидете особено внимателни од произволни апсења. Не патувајте во Русија“, се вели во соопштението на американската амбасада во Москва, а пренесува „Гардијан“.

САД постојано ги предупредуваа Американците да ја напуштат Русија. Последното вакво официјално предупредување беше издадено во септември минатата година, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

„Руските безбедносни служби уапсија американски државјани под лажни обвиненија, ги приведоа и малтретираа, им ускратија фер и транспарентен третман и ги осудуваа во тајни судски процеси или без приложување веродостојни докази“, соопшти амбасадата.

„Руските власти произволно ги спроведуваат локалните закони против членовите на американските верски организации и започнаа сомнителни кривични истраги против американските граѓани вклучени во верски активности“, додаде тој.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking