
Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари.
Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”.
Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година.
„Денеска, Соединетите Американски Држави со задоволство ја објавуваат ратификацијата на договорот со Албанија за заем од 302 милиони долари во рамките на програмата Фонд за странска војска (FMF), кој ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана, која повикува на зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година“, стои во објавата на амбасадата.
Албанскиот парламент договорот го ратификува на 27 минатиот месец, само со гласовите на владејачките социјалисти и без присуство на опозицијата, која во принцип беше за овој договор, но сметаше дека неговото донесување по итна постапка е неуставно.
На први август уредба потпиша претседателот Бајрам Бегај, што за опозицијата е кршење на Уставот.
Документот, предвидува финансирање на модернизацијата на вооружените сили, што ќе овозможи купување опрема, системи и услуги според стандардите на НАТО.


