Утрински Весник
Балкан

САД го поздравија отварањето на преговорите на БиХ со ЕУ, повикаа намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

20240322162637 Big 730x400 1.webp.webp
300x250 (7)

САД го поздравија отварањето на претпристапните преговори меѓу Брисел и Сараево за интеграција на Босна и Херцеговина во ЕУ, и будно ја следат ситуацијата на Косово повикувајќи на намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина.

Џејмс О’Брајан, заменик на државениот секретар за европски и евроазиски прашања, на брифинг за новинарите денеска изјави дека Балканот сѐ поактивно се придвижува кон ЕУ и ја охрабруваат Босна и Херцеговина да продолжи со реформите.

300x250 (7)

-Иднината на регионот е во Европа. Сметаме дека ова е мошне добар чекор, изјави О’Брајан.

Од друга, тој рече дека САД го следат движењето на српската војска во близина на границата со Косово и дека ја инфорирале Србија дека е целосно неприфатлива секаква примена на сила.

-Евентуалното движење на силите на Србија САД ќе го сметаат за закана по силите на НАТО. А тие се таму да ги заштитат како Албанците така и Србите, изјави О Брајан.

Ss1

Можете да прочитате

Видеото стана хит: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за да го контролира проширувањето на ЕУ