Утрински Весник
Свет

САД ја затворија амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Kiev.webp.webp

Соединетите Држави привремено ја затвораат својата амбасада во Киев откако добија, како што велат, „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“.

„Поради голема претпазливост, амбасадата ќе биде затворена и на вработените во амбасадата им е наложено да се засолнат на место. Амбасадата на САД препорачува граѓаните на САД да бидат подготвени за итна евакуација во случај да биде издадена воздушна тревога“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати

Руски медиуми: Хеликоптер на германското воздухопловство леташе во близина на руската граница