Утрински Весник
Свет

САД ја предупредија Турција на „последици“ доколку не го запре извозот на американска воена опрема во Русија

20240807105405 Big 730x400 15.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

САД ја предупредиле Турција дека ќе има „последици“ доколку земјата не го запре извозот во Русија на американската воена опрема од витално значење за воената машинeрија на Москва, изјави за „Фајненшл тајмс“ висок претставник на американското Министерство за трговија.

Неодамна, помошникот секретар на американското Министерство за трговија, Метју Акселрод, се состанал со турските власти во Анкара и Истанбул.

Неговата порака била дека Турција треба да стори повеќе за да ја запре трговијата со чипови и други производи од САД кои се клучни за руската војна во Украина.

„Турција треба да ни помогне да го запреме нелегалниот проток на американската технологија во Русија. Треба да видиме напредок, и тоа брзо, од турските власти и индустријата, или не.

Да немаме друг избор освен да наметнеме последици врз оние кои ги заобиколуваат нашите контроли за извозот“, рече Акселрод во изјава за „Фајненшл тајмс“. 

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски