Утрински Весник
Свет

САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

Turcija 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вашингтон денеска и порача на Турција дека како нивен сојузник оваа земја не треба да биде домаќин на лидерите на палестинската организација Хамас.

Во врска со тврдењето дека некои лидери на Хамас се преселиле од Катар во Турција, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека одредени лидери на оваа организација се под обвиненија од САД, поради што треба да бидат екстрадирани во САД.

-Ние мислиме дека лидерите на оваа сурова терористичка организација не треба да живеат удобно никаде, што секако го вклучува и големиот град на еден од нашите клучни сојузници и партнери, рече Милер.

Анкара ги отфрла тврдењата дека Хамас го преселил своето политичко седиште во Турција, но наведува дека членовите на организацијата понекогаш ја посетуваат.

Хамас соопшти дека тоа се гласини кои Израел понекогаш ги шири, пренесуваат британските медиуми.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин