Утрински Весник
Спорт

САД ја освоија Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната

12120102.jpg

Изминатата ноќ во Арлингтон, Тексас се одигра финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната. Трофејот им пипадна на Американците. Пред 80.000 гледачи на стадионот на Далас Каубојс, САД го победија Мексико со 2:0.

Фудбалерите на САД победија со головите на Тајлер Адамс и Џовани Рејна. Спектакуларен беше голот на фудбалерот на Борнмут, Адамс. Во 45. минута, по додавање на Вестон Мекени, шутираше од речиси 30 метри, а поради моќта и прецизноста на ударот, дури и легендарниот Гиљермо Очоа беше немоќен.

Во 63. минута играчот на Борусија Дортмунд, на позајмица во Нотингем Форест, Рејна го реши прашањето за победникот. Американскиот репрезентативец со аргентински корени погоди по одличниот продор на Кристијан Пулишиќ.

САД го освоија третиот трофеј за најдобар тим во Северна и Централна Америка и на Карибите.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига