Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се борат за трофејот на Мастерсот во Индијан Велс.
Белорусинката, втората тенисерка во светот и шампионка на Мелбурн, во полуфиналето ја совлада Марија Сакари со резултат 6:2, 6:3.
За помалку од час и половина Сабаленка со доминантна игра ја забележа петтата победа во меѓусебните средби.
Рибакина победи уште поубедливо против светската број 1 Ига Швјонтек – 6:2, 6:2.
Русинката со пасош на Казахстан можеше да слави поубедливо, но претрпе брејк при резултат 5:1 во вториот сет.
Сепак, таа возврати со ребрејк за победа во следниот гем.
Финалето во Индијан Велс ќе биде реприза на борбата за трофејот на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, кога титулата ја освои Сабаленка.