Ирскиот министер за високо образование Сајмон Харис во април ќе стане најмладиот премиер во историјата на Ирска бидејќи е единствен кандидат на неговата партија Фин Гаелза за оваа функција по оставката на Лео Варадкар.
Харис ќе стане најмладиот премиер на Ирска откако денеска заврши процесот на номинација, објави Гардијан.
37-годишниот Харис ќе биде избран за премиер на 9 април, кога ќе се состане ирскиот парламент по велигденскиот одмор.
Харис водеше голем број министерски оддели, вклучително и здравството на почетокот на пандемијата на корона.
Варадкар минатата недела рече дека поднесува оставка „од лични и политички причини“.
Тој поднесе оставка по поразот на референдумот за уставни измени одржан на 8 март.
Граѓаните се изјаснија за две измени на Уставот – да се отстрани дефиницијата според која бракот е „основа врз која се заснова семејството“ и да се замени текстот со зборовите дека семејството може да се заснова на „брак или друг долго -термински однос“, додека втората предложена промена се однесуваше на улогата на жената во домот како „темел на општеството и државата“.
Избирачите на референдумот ги отфрлија двата предлога.