Утрински Весник
Македонија

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Or I A Sa Koski.jpg
Img 5587

Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период. Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции, порача денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и додадер: -Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат. Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем. Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство. Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството. Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион.

Ss1

Можете да прочитате

Тито Петковски: Според реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ми е јасно дали одиме на избори или во војна

Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари