Утрински Весник
Македонија

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира собранието, а до средина на јуни нова влада

Gjorgija Sajkoski 21.05.2024.jpg

Интегрален текст од изјава за медиуми на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски:

Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија.

Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност.

Но меѓутоа сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница