Утрински Весник
Македонија

Русковска го пријавила Боки 13 во полиција

Boki vilma 3298983289.jpg

Поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување. Според пријавата, инцидентот се случил на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, за време на живо вклучување на „Јутјуб“, повеќепати ѝ се јавувал на Русковска, иако таа одбивала да ги прифати повиците.

Од објавената снимка на социјалните мрежи се гледа дека Јовановски користел навредливи и вознемирувачки изјави во разговорот. Русковска го предупредила дека доколку повиците продолжат, ќе поднесе пријава, но повиците сепак не престанале. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека пријавата е поднесена и дека се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Три активни пожари во Македонија, гори во Штип, Пробиштип и Чешиново-Облешево

Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга продадено за 22.000 евра

Два напади врз малолетници во Скопје: Момче претепано во Карпош, девојче нападнато во Центар