Утрински Весник
Свет

Руско-американскиот вселенски екипаж се врати на Земјата по повеќе од седум месеци во вселената

20250420090829 big 730x400 72.webp.webp

Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата денеска со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

По повеќе од седум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија.


Тројцата работеле во вселената од 11 септември минатата година, пренесуваат агенциите.

„Излезот од орбитата и спуштањето кон Земјата се одвиваше нормално“, соопшти Роскосмос, додавајќи дека слетувањето се случило во Казахстан, во близина на градот Жезказган.

На 8 април вселенскиот брод „Сојуз МС-27“ беше лансиран во орбитата со Американецот Џони Ким и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки.

На екипажот на Меѓународната вселенска станица, тие им се придружија на Американците Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русите Овчинин, Вагнер и Кирил Песков и Јапонецот Такуја Ониши.

Можете да прочитате

Судир на два танкера во Ормускиот теснец: Оган и чад се гледаат на километри оддалеченост

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија