Утрински Весник
Свет

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, под закана и Шангај

10df3314 5aa9 4251 b646 0b543514af59 1024x538 1.webp.webp

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, кои веќе беа погодени од цунами брановите предизвикани од земјотресот што го потресе брегот на Пацификот претходно денеска, објавија агенциите.

-Со наредба на гувернерот на регионот, прогласена е вонредна состојба во регионот Северно-Курилски, каде што денеска се случи земјотрес и цунами. Околу 2.400 луѓе живеат во регионот Северно-Курилски. Жителите се евакуирани. Нема извештаи за сериозни штети или повредени, соопшти прес-службата на регионалната влада.


Во кинеската метропола Шангај, повеќе од 280.000 луѓе се евакуирани, а стотици летови и фериботски услуги се откажани; воведени се и превентивни ограничувања на брзината за патиштата и железниците поради тропскиот циклон што се приближува кон градот.

Бурата, наречена Ко Маи, стигна до копното во близина на пристанишниот град Жоушан во покраината Џеџијанг во раните утрински часови денеска, а набрзо потоа следеше предупредување за цунами за силен земјотрес на рускиот Далечен Исток, што предизвика страв од поголеми од очекуваните бранови по должината на кинескиот брег.

Иако ветровите на Ко Маи се послаби од оние на тајфуните, финансискиот главен град на Кина и другите градови по должината на реката Јангце одлучија да не преземаат никакви ризици.

Најмалку 640 летови се откажани на двата аеродрома во Шангај, вклучувајќи 410 во Пудонг и 230 во Хонгкијао. Проблеми има и на другите локални аеродроми: 75 отсто од летовите се откажани во Жоушан.

Сите фериботски услуги се суспендирани, а на возачите им е кажано да возат со максимална брзина од 60 км/ч на автопатите, објавија локалните медиуми.

Парковите Дизниленд и Леголенд остануваат отворени, но некои атракции во Леголенд се затворени поради временските услови.

Шангај ретко е погоден од силни тајфуни, кои обично ги погодуваат појужните делови на Кина.

Можете да прочитате

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни