Утрински Весник
Свет

Руските сили уништиле 14 украински дронови во пограничните области Белгород и Курск

20240314082922 big 730x400 31.webp.webp

Руските сили уништија 14 украински беспилотни летала во регионите Белгород и Курск, на границата со Украина, соопшти утрово Министерството за одбрана, пренесе Бета.

„Синоќа беа спречени обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со дронови на локации на територијата на Русија“, се наведува во соопштението.

Уништени се 11 беспилотни летала над Белгород, а три над Курск.

Десетици украински дронови вчера гаѓаа повеќе руски региони, особено локациите на енергетската инфраструктура.

Можете да прочитате

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември

Околу 500 училишта затворени поради ученичките протести во Франција

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка