Утрински Весник
Свет

Руските сили се на 10 километри од Купјанск, се продолжува со евакуација на цивили

Руските сили се на 10 километри од Купјанск, се продолжува со евакуација на цивили
Dik 300x250 mk

Поради интензивен руски артилериски оган и воздушни напади, продолжува евакуацијата на цивилите од околината на градот Купјанск, соопштија украинските власти. Руските сили се на близу 10 километри од Купјанск, град на реката Оскил што Украинците го вратија во септември минатата година.

dobivaj vesti na viber

„Продолжуваме со секојдневната евакуација на жителите од местата на линијата на фронтот во областа Купјанск. На евакуираните им се обезбедува сместување и хуманитарни материјали“, изјави денеска Олех Синијехубов, шеф на воената администрација на регионот Харков, а пренесува „Гардијан“.

Синиехубов додаде дека за време на гранатирањето на 20 и 21 август од селото биле евакуирани 30 лица, меѓу кои пет деца и едно инвалидно лице, а од 9 август се евакуирани вкупно 556 жители, меѓу кои 148 деца.

Можете да прочитате

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?